Годишна конференција на Еквалис за активно граѓанство
- Годишна конференција за активно граѓанство „КритикУМ“ денеска и утре ќе се одржи во Лабораториум во Скопје во организација на Здружението за едукативен развој Еквалис.

Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - Годишна конференција за активно граѓанство „КритикУМ“ денеска и утре ќе се одржи во Лабораториум во Скопје во организација на Здружението за едукативен развој Еквалис.
Оваа национална конференција, како што велат организаторите, претставува простор за поврзување, градење на заеднички стратегии, но и оснажување за пракси, примери и платформи преку коишто граѓаните се обидуваат да ги променат заедниците.
Денеска во рамките на конференцијата ќе се одржат два панела - Граѓански визии за градот: Во одбрана на воздухот, водата и јавниот простор и Пркоси во алтернативната културна сцена, а вечер ќе има настап бендот „Кокиче“. За утре, пак, е предвидено да се реализира интерактивна прошетка насловена „Скопје, големото бегство“.
-Преку оваа едиција на конференцијата ќе погледнеме во некои од најистрајните и храбри подвизи на граѓанско мобилизирање во нашата држава, но во исто време ќе зборуваме за активизмот низ неговата несовршена перспектива, како нешто коешто се менува, не менува и нас самите, на моменти можеби разочарува, но несомнено непрестајно не инспирира и движи напред. Излегувајќи од класичниот формат на конференција, во вториот ден организираме и интерактивна прошетка низ градот со којашто ќе бидеме во контакт со јавниот простор како место каде што нашите борби секојдневно се случуваат и испишуваме истории на истрајност и отпор, велат од Еквалис.вј/са/
Фото: принтскрин